• вторник, 26 ноември 2024

Манчини: Не го повикав Балотели во очај

Манчини: Не го повикав Балотели во очај
Рим, 26 јануари 2022 (МИА) – Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација Роберто Манчини ги отфрли наводите дека од очај во редовите на „Азурите“ го повикал Марио Балотели (31), кој својот последен натпревар во националниот дрес го одигра во 2018 година. Манчини повика 35 фудбалери на стартот од подготовките за мартовскиот мундијалски плеј-оф, во кој „Азурите“ на 24 март во Палермо ќе ја пречекаат македонската репрезентација, а победникот потоа за пласман на Светското првенство во Катар ќе игра против поуспешниот од дуелот меѓу Португалија и Турција., - Играм ли на картата на очај? Не, тоа не е така. Следните неколку денови ќе испробаме поинакви работи и ќе проценуваме играчи, кои некое време не се повикувани во репрезентацијата, како што е Марио, но и некои други, изјави селекторот на актуелниот европски првак, спроти собирот на италијанската репрезентација во тренинг кампот во Коверчијано. Балотели сезонава е во голгетерска форма во составот на турскиот прволигаш Адана, предводен од неговиот сонародник Виченцо Монтела, и на 18 натпревари постигна осум голови. ег/сд/

Остани поврзан