Манчестер јунајтед подготвен да плати 40 милиони евра за Циркзи
- Англискиот фудбалски гигант Манчестер Јунајтед е подготвен да го плати обесштетувањето од 40 милиони евра за да го донесе во своите редови напаѓачот на Болоња, Џошуа Циркзи.

Лондон, 7 јули 2024 (МИА) – Англискиот фудбалски гигант Манчестер Јунајтед е подготвен да го плати обесштетувањето од 40 милиони евра за да го донесе во своите редови напаѓачот на Болоња, Џошуа Циркзи.
Според изданието Goal, агентот на 23-годишниот фудбалер е во директни преговори со „црвените ѓаволи“ за комплетирање на трансферот.
За холандскиот напаѓач е заинтересиран и Милан, но цената за трансферот е превисока за нив.
Во сезоната 2023/24, Циркзи одигра 37 натпревари за Болоња во сите конкуренции, постигнувајќи 12 голови и седум асистенции. ег ФОТО: Фејсбук