• сабота, 23 ноември 2024

Манчестер јунајтед на лето ќе донесе одлука за иднината на Санчо и Гринвуд

Манчестер јунајтед на лето ќе донесе одлука за иднината на Санчо и Гринвуд

Манчестер, 7 јануари 2024 (МИА) - Манчестер јунајтед планира на лето да донесе одлука за иднината на Џејдон Санчо и Мејсон Гринвуд, пренесува новинарот Фабрицио Романо.

Се очекува до лето клубот да има нов спортски директор.

Дваесет и двегодишниот Гринвуд од септември минатата година настапува за Хетафе како позајмен играч. Сезонава одигра 17 натпревари за шпанскиот клуб, постигна пет гола и даде четири асистенции. Англичанецот не играл за Манчестер јунајтед од јануари 2022 година поради скандал со семејно насилство.

Една година повозрасниот, Санчо, не се појави на теренот за Манчестер јунајтед од септември, кога клубот го суспендираше по конфликтот со главниот тренер на тимот Ерик тен Хаг. Фудбалерот во вториот дел од тековната сезона оди на позајмица во Борусија Дортмунд, за која настапуваше пред да се пресели во Манчестер јунајтед. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан