• вторник, 24 декември 2024

Манчестер јунајтед и Челзи заинтересирани за Кавани

Манчестер јунајтед и Челзи заинтересирани за Кавани
Лондон, 6 јануари 2020 (МИА) – Претставници на премиерлигашите Манчестер јунајтед и Челзи контактираа со напаѓачот на ПСЖ, Единсон Кавани, објавија француски медиуми. „Ле екип“ дозна дека Манчестер јунајтед е во контакт со играчот и може да направи понуда за трансфер на Кавани, доколку клубот е близу до влез во Лигата на шампионите следната сезона. Челзи упатил првична официјална понуда за напаѓачот. Во блиска иднина, Кавани ќе се сретне со спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо, за да разговара за можноста да се пресели во друг клуб во јануари. Доколку парижаните се согласат на оваа опција, страните ќе разговараат за сумата што клубот сака да ја добие од потенцијалните купувачи на Кавани. Се шпекулира дека Кавани има прелиминарен договор со Атлетико. Тој се согласи со мадридскиот клуб да потпише двегодишен договор и ќе му се приклучи на тимот следното лето. Сепак, напаѓачот сè уште не го потпишал овој договор, за да може да оди во кој било друг клуб. Оваа сезона Кавани одигра осум натпревари за ПСЖ во Лига 1 и постигна два гола. зс/

Остани поврзан