Манчестер јунајтед и Интер се заинтересирани за Белоти
- Напаѓачот на Торино, Андреа Белоти може да ја смени екипата за време на летниот преоден рок, пренесува „Тутоспорт“.

Рим, 18 јули 2020 (МИА) - Напаѓачот на Торино, Андреа Белоти може да ја смени екипата за време на летниот преоден рок, пренесува „Тутоспорт“.
Според италијанскиот медиум, Интер и Манчестер јунајтед се заинтересирани за 26-годишниот Италијанец.
„Неро-азурите“ наводно го гледаат напаѓачот како потенцијална замена за Лаутаро Мартинез, кој е близу да замине во Барселона.
Во сезоната 2019/20, Белоти одигра 39 натпревари за Торино, постигна 22 гола и четири асистенции.
„Transfermarkt.com“ ја проценува вредноста на фудбалерот на 32 милиони евра. зс/