Манчестер јунајтед избори полуфиналето во ФА Купот
- Манчестер јунајтед ќе игра во полуфиналето на ФА Купот, откако вечерва го совлада Норвич со 2:1.

Норвич, 27 јуни 2020 (МИА) – Манчестер јунајтед ќе игра во полуфиналето на ФА Купот, откако вечерва го совлада Норвич со 2:1.
Гостите кои важеа за голем фаворит до триумфот дојдоа со гол во последните минути од второто продолжение.
Резултатот по основните 90 минути беше 1:1, Норвич во 89. минута останаа со фудбалер помалку поради црвениот картон на Клосе, а во 118. минута Хари Мегваер го постигна победничкиот гол за Јунајтед. зс/