Манчестер јунајтед го продолжи договорот со Мегваер до 2026 година
- Манчестер јунајтед го продолжил договорот со дефанзивецот Хари Мегваер на една година, објави официјалниот сајт на „црвените ѓаволи“.
Манчестер, 3 јануари 2025 (МИА) - Манчестер јунајтед го продолжил договорот со дефанзивецот Хари Мегваер на една година, објави официјалниот сајт на „црвените ѓаволи“.
Претходниот договор со 31-годишниот фудбалер важеше до летото 2025 година. Сега неговиот договор е со важност до јуни 2026 година.
- со Хари ова утро и му реков дека треба да ја подобри својата игра. Покрај тоа, тој мора да се подобри како лидер. Навистина ни треба во моментов. Задоволни сме што ја продолжуваме соработката со него, изјави тренерот Рубен Аморим.
Мегваер игра за Манчестер јунајтед од 2019 година. Вкупно за „црвените ѓаволи“ одигра 222 натпревари на кои постигна 12 гола и седум асистенции. Заедно со тимот го освои англискиот фудбалски Лига куп и ФА купот. зс/
Фото: ЕПА