• среда, 25 февруари 2026

Манчестер јунајтед го победи Евертон, Шешко го постигна единствениот гол

Манчестер јунајтед го победи Евертон, Шешко го постигна единствениот гол

Ливерпул, 24 февруари 2026 (МИА) - Манчестер јунајтед го победи Евертон со 1:0 синоќа во натпревар на гостински терен од 27. коло на англиската Премиер лига.

Словенечкиот фудбалер Бенџамин Шешко го постигна единствениот гол во 71. минута. Шешко влезе како замена во 58. Минута.

Во сезоната 2025/26, напаѓачот има осум гола и една асистенција во 24 натпревари.

-Верувам во себе, а и другите играчи веруваат во мене. Тие знаат што да очекуваат од мене кога ќе стапнам на теренот. Секако, мојата работа е да ги оправдам тие очекувања, изјави Словенецот по натпреварот.

Манчестер Јунајтед е непоразен во шест последователни натпревари (пет победи и едно реми). Тие се искачија од петтото на четвртото место на табелата во англиската Премиер лига (48 бода по 27 натпревари). Евертон (37 бода по 27 натпревари) е на деветтото место. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан