• вторник, 24 декември 2024

Манчестер јунајтед го обнови интересот за Годин

Манчестер јунајтед го обнови интересот за Годин
Манчестер, 21 март 2020 (МИА) - Манчестер јунајтед повторно пројави интерес за дефанзивецот на Интер, Диего Годин. Управата на „нероаurурите“ е подготвена да го ослободи 34-годишниот Уругваец од тимот, и покрај тоа тој што ја поминува својата прва сезона во Италија, пренесе „Кориере дело Спорт“. Годин му се придружи на Интер во летото 2019 година како слободен агент и потпиша договор до летото 2022 година. Во досегашниот дел од првата сезона на Годин во Серија А, тој одига 25 натпревари за „нероазурите“. Порталот „Transfermarkt.com“ ја проценува вредноста на играчот на 10 милиони евра. зс/

Остани поврзан