• сабота, 23 ноември 2024

Манчестер сити со трофеј ја отвори новата сезона

Манчестер сити со трофеј ја отвори новата сезона

 

Лондон, 10 август 2024 (МИА) – Фудбалерите на Манчестер Сити го освоија Комјунити Шилд, англискиот Суперкуп, откако вечерва на Вембли го совладаа Манчестер Јунајтед на пенали со 8-7 (1-1).

Непрецизни во пенал серијата во редовите на Манчестер Јунајтед беа Санчо и Еванс, додека кај Сити само Бернардо Силва не постигна гол од белата точка.

За Манчестер Сити ова е седмиот англиски Суперкуп во историјата, додека Манчестер Јунајтед сè уште е рекордер со 21 титула во Комјунити Шилд.

Манчестер Јунајтед поведе во 82. Минута преку Гарначо, а Манчестер Сити израмни во 89. Минута со голот на Бернардо Силва. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан