Манчестер сити подготвен да плати 50 милиони евра за Весли од Рома
- Манчестер сити е заинтересиран да го потпише дефанзивецот на Рома, Весли Винисиус.
Лондон, 14 февруари 2026 (МИА) - Манчестер сити е заинтересиран да го потпише дефанзивецот на Рома, Весли Винисиус.
Според „Фичајес“, Сити ја цени физичката сила на 22-годишниот Бразилец и неговата способност да се вклопи во систем со висок пресинг и контрола на топката.
Англискиот клуб е подготвен да плати 50 милиони евра за фудбалерот.
Весли е во Рома од јули 2025 година. Во сезоната 2025/26, тој постигна три гола и имаше една асистенција во 29 натпревари. Неговиот договор е до 30 јуни 2030 година.
„Трансфермаркт“ ја проценува неговата трансферна вредност на 35 милиони евра. зс/
Фото: ЕПА