• вторник, 24 декември 2024

Манифестацијата „И тетовските глумци поа“ годинава нема да се одржи, не доби поддршка од Министерството за култура

Манифестацијата „И тетовските глумци поа“ годинава нема да се одржи, не доби поддршка од Министерството за култура

Тетово, 15 февруари 2023 (МИА) - Традиционалната театарско-музичка манифестација „И тетовските глумци поа“ годинава нема да се одржи, велат организарторите, а причината е во тоа што не добиле финансиска поддршка од Министереството за култура. Тие се пријавиле но не добиле позитивен одговор на Годишните конкурси за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2023 година.

- Освен минатогодишната бледа поддршка од ресорното министерство од 115.369 денари, оваа година аматерскиот театар во Тетово останува и без таа бледа поддршка. Да напоменеме дека традицијата на театар во Тетово датира од далечната 1898 година. Театарџиите во Тетово се директен наследник на некогашниот градски народен театар затворен 1955-та година. Најсилниот адут на оваа манифестација се преполните сали, оригиналниот хумор, музиката во живо со 10-член професионален оркестар, професионално озвучување и осветлување кое чини многу пари. Досега сето ова било овозможено преку ентузијазмот на членовите и несебичната поддршка на градските мецени. Оваа година тетовци ќе останат покуси од одлична предновогодишна традиционална театарско-музичка манифестација, изјави Сашо Серафимовски, организатор и режисер.

Манифестацијата „И тетовските глумци поа“ досега се одржа осум пати. ас/хс/

Остани поврзан