• сабота, 31 август 2024

Мане стана петтиот играч во историјата на Ливерпул кој постигнал 50 гола на „Енфилд“ во Премиер лигата

Мане стана петтиот играч во историјата на Ливерпул кој постигнал 50 гола на „Енфилд“ во Премиер лигата
Ливерпул, 21 август 2021 (МИА) - Напаѓачот на Ливерпул, Садио Мане, постигна гол на денешниот натпревар од второто коло во Англиското фудбалско првенство против Барнли. За Сенегалецот ова е 50. гол за „црвените“ на „Енфилд“ во Премиер лигата. Дотогаш, само четворица играчи во историјата на Ливерпул ја достигнаа оваа граница: Роби Фаулер, Стивен Џерард, Мајкл Овен и Мохамед Салах. Ливерпул го доби натпреварот со 2:0, а покрај Мане во листата на стрелците се запиша и Диего Жота. зс/

Остани поврзан