Мандолинскиот оркестар ХГГД „Слога“ од Загреб денеска и утре со концерти во Скопје и Битола
- Мандолинскиот оркестар ХГГД „Слога“ од Загреб денеска и утре ќе престојува во земјата и ќе одржи концерти во Скопје и Битола. Првиот концерт ќе се одржи вечерва во Скопје, а утревечер е концертот во Битола.
Скопје, 30 март 2026 (МИА) - Мандолинскиот оркестар ХГГД „Слога“ од Загреб денеска и утре ќе престојува во земјата и ќе одржи концерти во Скопје и Битола. Првиот концерт ќе се одржи вечерва во Скопје, а утревечер е концертот во Битола.
Диригент е Максимилијан Бориќ, а ќе бидат изведени композиции од хрватски композитори.
Како што се наведува во најавата, „Слога“ има богата традиција и е еден од водечките мандолински оркестри во Хрватска.
Почетокот на двата концерта е во 19 часот. бак/мч/
Фото: плакат