• вторник, 11 ноември 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Манасиевски: Шукова е врзана во бизнис кругот на Заев и Филипче додека биле на власт, таа не можела да одбие кандидатура како Ралев, морала да прифати да губи

Манасиевски: Шукова е врзана во бизнис кругот на Заев и Филипче додека биле на власт, таа не можела да одбие кандидатура како Ралев, морала да прифати да губи

Скопје, 22 јули 2025 

Дали Каја Шукова не смеела да одбие да биде кандидат за пораз, затоа што е директно вмешана во бизнисите со фотоволтаици на луѓе од власта?

Дали Каја Шукова како Министер за животна средина има дадено стотици позитивни мислења за поставување на фотоволтаични централи низ Македонија, и дали поголемиот дел од истите тие фотоволатични централи се на луѓе блиски до СДС?

Дали Каја Шукова е вмешана во давањето мислење за поставување на фотоволтаична централа на браќата на Венко Филипче и Зоран Заев во Дојран?

Дали поврзаноста со бизнисите на Заеви и Филипче, всушност е и причината поради која таа е врзана во кругот во СДС од кој не може да излезе?

Дали Каја Шукова заради ова свое минато со Заев и Филипче немала избор како Мишко Ралев кој ја одбил понудата да биде кандидат на СДС за Скопје?

Ова се кадрите на СДС. Кадри со силни врски со минатото и со бизнисите на Заев и Филипче.

Каја Шукова ќе дознае што мислат Скопјани за СДС и за неа, со најголемиот пораз во историјата на таа партија.

Линк од видео материјал: 
https://www.youtube.com/watch?v=fpvcfl0UDbU

Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

_______________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Остани поврзан