Манасиевски: Филипче по насока на ПР шефот Башановиќ спремил програма на СДС, како да не беа до пред 2 години власт
- Да не беше смешно, ќе беше трагично. Филипче по насока на ПР шефот Башановиќ спремил програма на СДС, како да не беа до пред 2 години на власт, стои во соопштението од прес - конференцијата на Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ кое МИА го објавува интегрално.
Скопје, 28 март 2026
Да не беше смешно, ќе беше трагично. Филипче по насока на ПР шефот Башановиќ спремил програма на СДС, како да не беа до пред 2 години на власт, стои во соопштението од прес - конференцијата на Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ кое МИА го објавува интегрално.
Башановиќ очигледно не знае дека СДС до пред околу 2 години, 7 години беа на власт. Од тие 7 години власт, Филипче беше 5 години министер. По што остана запаметен сите знаеме.
ПР стратезите Башановиќ и Шчекиќ му смислиле празен концепт за програма на Филипче, а тој без никаков срам, легитимитет и кредибилитет ја презентира новата програма на СДС.
Една од мерките во програмата без суштина во СДС се вика - скратена работна недела.
Башановиќ, Шчекиќ и Филипче, веројатно по насока на Заев ја спремиле мерката за скратена работна недела, по принципот на Зоран Заев, бидејќи тој како премиер во недела не работеше. И сабота не работеше. И петок. Додуша тој цела недела не работеше како премиер.
Впрочем, ова и не е нова мерка на Филипче и СДС, затоа што тие така работеа кога беа на власт.
Почитувани колеги од СДС,
На Македонија после вашето уништување на државата и треба работа, труд и посветеност. И треба тоа што се случува денес. Реформи, проекти и мерки за граѓаните. А не празни флоскули и демагогии од ваша страна. Затоа сите почнаа да бегаат од вас, а останаа само лојалистите на Заев.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ