Манасиевски: СДС да одговори каде е Венко Филипче
- СООПШТЕНИЕ: Една недела, СДС и Филипче молчат и се кријат, за потеклото на златната виза на чиракот на Заев, Венко Филипче.

Скопје, 16 мај 2025
Почитувани,
Една недела, СДС и Филипче молчат и се кријат, за потеклото на златната виза на чиракот на Заев, Венко Филипче.
Откако на Венко му се испушти дека поседува златна виза, за која не го наведе потеклото, го снема од јавноста, а според нашите информации, тој пред 6 дена на граничниот премин Богородица, ја напуштил државата.
Дали Филипче, кога ја напуштил државата, се упатил кон Солунскиот аеродром и заминал во Дубаи со златната виза, да се најде со неговиот ментор Заев, за да ги проверат градежните активности на 50катницата?
Венко Филипче, со оглед на тоа дека не негира, се поставува теоријата дека нашите тези се вистинити.
Венко Филипче, должи одговор на јавноста, доколку навистина заедно со Заев имаат бизнис во Дубаи, од каде му се парите? Дали Венко парите ги има заработено на нелегален начин, бидејќи сума од 500 илјади долари не се заработува така лесно?
Филипче не ја покажа ниту нострифицираната диплома, бидејќи по се изгледа ја нема, ниту одговори за тоа со која болница преговарал за да добие златна виза?
Филипче и СДС, останаа неми на нашите прашања. Денес повторно прашуваме, каде е Венко Филипче?
Дали планира да се врати во Македонија или ќе остане во Дубаи?
СДС и Филипче, тонат во бездна. Неискреноста, манипулативноста и корупцијата, се темелите на кои се поистоветуваат и СДС и Филипче.
Додека тука глумат загрижени, истовремено во Дубаи ги трошат украдените пари, на нас граѓаните.
СДС и Филипче се прочитана приказна, тие се синоним, за неспособност, криминал и корупција.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
________________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
Фото: ВМРО-ДПМНЕ