• сабота, 06 декември 2025

Манасиевски: Дали Филипче е воодушевен од Заев и дали и тој мисли како него дека македонскиот јазик е ист со бугарскиот

Манасиевски: Дали Филипче е воодушевен од Заев и дали и тој мисли како него дека македонскиот јазик е ист со бугарскиот

Скопје, 1 мај 2025

Почитувани,

Дали Филипче е воодушевен од Заев и дали и тој мисли како него дека македонскиот јазик е ист со бугарскиот?

Зоран Заев трајно ги наруши позициите на Македонија, тој од позиција на премиер даваше изјави кои немаа врска ниту со реалноста, ниту со фактите.

Заев тврдеше дека Македонците и Бугарите се ист народ и дека Македонскиот и Бугарскиот јазик се исти. Дали и Венко Филипче го мисли истото, со оглед на тоа дека кажа дека народот треба да учи од Зоран Заев и дека нема друг како него.

Заев ги опустоши Македонските национални интереси, и како кловн кој ги засмејуваше регионалните политичари.

Дали Венко Филипче се гордее и со тоа?

Добро е што народот знае со сигурност дека Венко Филипче е втор Зоран Заев. И што може да очекува.

 

Прашање: Ваш став околу денешниот протест на ССМ?

Одговор: ВМРО-ДПМНЕ ги поддржува и уважува работничките права, но не го поддржува и не го уважува политичкото водство на синдикатите.

Кога Трендафилов говори за платите на политичарите, добро е да ги спомене и платите на синдикалците. Тој лично зема 75 илјади денари месечно од истите тие работници, а неговите колеги и дури до 130 илјади денари. Како очекуваме Трендафилов да ги разбере работниците? Да објасни во кој дел сочувствува со позицијата на работниците кога земаат плати над 2000 евра? И како тоа неговите ставови се исти како и тие на СДС, Левица и ДУИ?

Што барал на состанокот со СДС неодамна и какви инструкции му дале и дали му се доволни 2000 евра плата месечно додека ги лаже и злоупотребува измачените работници чии права и плати се реално ниски? Лицемерната глума на ССМ дека ги бранат работниците, додека прават договори со СДС.

ВМРО-ДПМНЕ е таа што ја зголеми минималната плата. ВМРО-ДПМНЕ е таа што ќе се избори за нова динамика на раст на платите, подобри услови и достоинствен живот за секој човек. Сочувствуваме со предизвиците на работниците, знаеме низ што минуваат, и затоа, согласно реалните околности, преземаме и ќе продолжиме да преземаме конкретни мерки за подобрување на нивната положба.

Да потсетиме: 

– Воведовме даночни олеснувања за зголемување на платите; 

– Се бориме со сивата економија; 

– Ги чистиме институциите од партиски паразити кои со години злоупотребуваа сè, вклучително и синдикатите;

- Зголемени се платите во образованието за 12%;

- Во здравството за 15%;

- Во секторот за безбедност 10%;

- Пензиите се зголемени за 5000 денари;

- Се зголемија капитациите на матичните лекари 33%;

- На гинеколозите за 33%;

- И за стоматолозите 23%;

А тие што молчеа кога требаше да зборуваат, сега нека се соочат со вистината: ВМРО-ДПМНЕ е таа што носи промени на подобро секој ден.

ВМРО-ДПМНЕ ќе работи да се подобри состојбата на работниците. Сочувствуваме со нивните предизвици и потешкотии и правиме и ќе продолжиме да правиме се согласно реалните околности да ја подобруваме нивната реалност. И ќе продолжиме со зголемувања согласно можностите свесни дека задоволен работник е среќен граѓанин.

И што правеше СДС со банкротирањето на државата и се што наследи ВМРО-ДПМНЕ, додека истиот овој лик збор не кажа против нивната влада на ДУИ и СДС туку си уживаше по патувања и синдикални игри во баханалии и непримерност.

Трендафилов настапува како политичар од локална партиска организација на СДС.

Дали е СДС дали е ССМ, исто е.

 

Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото:  ВМРО-ДПМНЕ

Остани поврзан