Малуф избран за постојан секретар на Француската академија на науките
- Француско-либанскиот писател Амин Малуф денеска е избран за постојан секретар на Француската академија на науките

Париз, 28 септември 2023 (МИА) – Француско-либанскиот писател Амин Малуф денеска е избран за постојан секретар на Француската академија на науките.
Малуф доаѓа на местото на Хелена Карере д’Енкос, која почина во август.
Негов конкурент и пријател беше писателот Жан-Кристоф Руфин.
Малуф е избран со 24 гласа додека Рафин доби осум. ми/
фото: Википедија