• среда, 25 декември 2024

„Макфест“ ќе може да се следи и на видео бим на плоштадот во Штип

„Макфест“ ќе може да се следи и на видео бим на плоштадот во Штип
Штип, 18 октомври 2022 (МИА) - Фестивалот на забавни мелодии „Макфест" оваа година ќе може да  се следи на видео бим и на Градскиот плоштад „Слобода". Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов вели дека новиот концепт предвидува веднаш по завршувањето на  фестивалската вечер, забавата да продолжи токму на плоштадот. -Она коешто е променето во концептот е тоа што по завршувањето на фестивалската вечер ќе имаме еден настан во централното градско подрачје на градскиот Плоштад каде во живо најпрво ќе се пренесува фестивалот, а веднаш по завршувањето на фестивалот ќе има можност познати домашни музички имиња да ги испеат познатите рефрени, хитови од „Макфест" и со тоа да ја забавуваат штипската публика, но и сите гости кои ќе бидат од страна. Ова е еден новитет затоа што освен што забавата се префрлува по завршувањето на фестивалот во угостителските локали сметаме дека треба да се префрли на плоштадот, вели Јорданов. И покрај новитетите и оваа година остануваат дел од традициите на „Макфест", сечењето на тортата и тадициноналниот коктел. -По однос на тадиционалниот коктел, сечењето на торта која се одржува веднаш по завршувањето на оној официјален дел од фестивалот, ќе продолжи таа нефромална забава, рече Јорданов. Оваа година „Макфест" целосно е финансиран од страна на Општина Штип, како и спонзори, подржувачи и пријатели. вдј/ев/

Остани поврзан