• вторник, 24 декември 2024

Максим Димитриевски: Граѓанскиот концепт „За Наше Куманово“ ги обединува сите

Максим Димитриевски: Граѓанскиот концепт „За Наше Куманово“ ги обединува сите
Куманово, 29 септември 2021 (МИА) - Независниот кандидат за градоначалник на Општина Куманово Максим Димитриевски од граѓанската иницијатива „За Наше Куманово“, вечерва оствари средби со жителите од урбаните заедници „Благој Стефковски Гојчо“ и „Панче Пешев“ и со жителите на село Проевце.
На средбата, се наведува во соопштението на иницијативата било разговарано за реалните приоритети и потреби на граѓаните. Димитриевски, им се заблагодарил на жителите од овие населени места за поддршката која му ја даваат во целиот овој изминат период. - По победата на 17-ти октомври, ќе продолжиме да ги решаваме комуналните проблеми на граѓаните во целата општина, зајакнувајќи ги подеднакво урбаните и руралните средини, затоа што нема силен град без силно село. Граѓаните на претстојните локални избори имаат единствен и вистински избор, а тоа е глас за иницијативата „За Наше Куманово“. Средбите и директната комуникација со граѓаните продолжуваат затоа што концептот „За Наше Куманово“ е од граѓаните и за граѓаните-се наведува во соопштението на граѓанската иницијатива „За Наше Куманово“. ам/бк/

Остани поврзан