• среда, 25 декември 2024

Макрон: Франција инсистира на поголема поддршка од ЕУ за земјоделството

Макрон: Франција инсистира на поголема поддршка од ЕУ за земјоделството
Брисел, 20 февруари 2020 (МИА) - Францускиот претседател Емануел Макрон најави дека во преговорите за новиот буџет ќе инсистира на подобрување на условите за развој на заедничката политика во областа на земјоделството. - Потребни ни се средства кои ќе ни овозможат прехранбен суверенитет, квалитетни производи и транзиција кон климатски одржлив развој, рече Макрон пред почетокот на вонредниот самит на ЕУ лидерите посветен на буџетот за наредниот седумгодишен период. Покрај земјоделството, францускиот претседател рече дека во дебатата за распределбата на буџетот на ЕУ, тој исто така ќе се залага за поамбициозен фонд за одбрана на ЕУ и за програми за образование, како „Еразмус плус“. Макрон го поздрави предлог-буџетот претставен од претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и рече дека станува збор за заедничка платформа за која е потребно дополнително унапредување. - Постои начин да се дојде до договор на овој самит. Може да трае со часови, ноќи или денови, но јас сум подготвен, рече Макрон. паг/

Остани поврзан