• среда, 25 декември 2024

Макрон: Француската влада ќе ја „врати контролата“ врз цените на струјата

Макрон: Француската влада ќе ја „врати контролата“ врз цените на струјата

Париз, 25 септември 2023 (МИА) - Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека неговата влада „ќе ја врати контролата“ врз цените на електричната енергија до крајот на годината, пренесоа британските медиуми.

Без да прецизира кои конкретни чекори ќе бидат преземени, шефот на државата рече дека оваа цел ќе се постигне со помош на државната сопственост на енергетскиот гигант ЕДФ и нуклеарните капацитети во земјата.

-Во октомври ќе можеме да објавиме цени на струјата кои се во согласност со нашата конкурентност, посочи тој.

Додаде дека со тоа ќе бидат опфатени домаќинствата и бизнисите.

-До крајот на годината ќе ја вратиме контролата врз цените на струјата, на француско и европско ниво, категорично рече Макрон. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан