• сабота, 16 ноември 2024

Макрон: Франција и Германија не го напуштаат дијалогот со Москва

Макрон: Франција и Германија не го напуштаат дијалогот со Москва
Берлин, 25 јануари 2022 (МИА) -  Францускиот претседател Емануел Макрон, по средбата со германскиот канцелар, Олаф Шолц, во Берлин,  денеска изјави дека Франција и Германија нема да се откажат од дијалогот со Москва и во тој контекст за в петок најави дека ќе има телефонски разговор со неговиот руски колега Владимир Путин за украинската криза. -Ќе имам телефонски разговор со претседателот Путин во петок наутро за да можеме заедно да ја разгледаме целата ситуација“, изјави Макрон во Берлин, по средбата со германскиот канцелар Олаф Шолц Макрон денеска оцени дека цената ќе биде превисока доколку Русија одлучи да ја нападне Украина. Британските медиуми пренесуваат дека на заедничката прес-конференција со својот германски домаќин Макрон кажа дека Европа и нејзините сојузници се обединети по прашањето за Украина. Макрон оцени дека преговорите меѓу САД и Русија за Украина се „добра работа“, но дека допрва треба да покажат јасни резултати. Елисејската палата вчера соопшти дека Макрон ќе му предложи на Путин „патоказ за смирување на украинската криза“. сд/

Остани поврзан