• четврток, 20 февруари 2025

Макрон разговараше со Абас за прекин на огнот во Газа

Макрон разговараше со Абас за прекин на огнот во Газа

Париз, 16 февруари 2025 (МИА) - Францускиот претседател Емануел Макрон денеска разговараше со палестинскиот претседател Махмуд Абас за потребата од долгорочен прекин на огнот во Појасот Газа и планот предложен од арапските нации за енклавата.

„Го повторив моето задоволство што видов дека се почитува првата фаза од прекинот на огнот“, рече Макрон.

Тој нагласи дека секој ден без напади и секое ослободување на заложниците е „голема надеж за Газа“, пренесува Ал Џезира. паг/

Фото: ЕПА

 

Остани поврзан