Макрон пристигна во Израел - се очекува да повика на заштита на цивилите во Газа
- опозициските лидери од политичкиот центар Бени Ганц и Јаир Лапид. Францускиот претседател се очекува да повика на „заштита на цивилите“ во Газа, додека Израел продолжува да бомбардира цели на Хамас во палестинската енклава и се подготвува за копнена офанзива чија цел е уништување на милитантната група која владее во областа.
Тел Авив, 24 октомври 2023 (МИА) - Францускиот претседател Емануел Макрон денеска допатува во Тел Авив, јавија британските меидуми.
Тој во Израел ќе се сретне со премиерот Бенјамин Нетанјаху, израелскиот претседател Исак Херцог и со опозициските лидери од политичкиот центар Бени Ганц и Јаир Лапид.
Францускиот претседател се очекува да повика на „заштита на цивилите“ во Газа, додека Израел продолжува да бомбардира цели на Хамас во палестинската енклава и се подготвува за копнена офанзива чија цел е уништување на милитантната група која владее во областа.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху претходно објави дека францускиот претседател Емануел Макрон и холандскиот премиер Марк Руте неделава ќе го посетат Израел. сд/
фото: Скриншот Х
French President Emmanuel Macron arrives in 1948-occupied Palestine to show his support for Israel in its ongoing genocide campaign on Gaza.#GazaGenocide pic.twitter.com/nKYjRr0aKg
— Quds News Network (@QudsNen) October 24, 2023