• вторник, 24 декември 2024

Макрон: Постојат планови Б и Ц за отворање на Игрите во Париз

Макрон: Постојат планови Б и Ц за отворање на Игрите во Париз

 

Париз, 15 април 2024 (МИА) – Францускиот претседател Емануел Макрон денеска го почна 100-дневното одбројување до отворањето на Олимпијадата во Париз, уверувајќи ја јавноста во врска со безбедноста околу церемонијата на отворање на реката Сена, но притоа прв пат го обелодени постоењето на алтернативни планови во случај на терористичка закана.

„Оваа церемонија на отворање покрај река во главниот град, на 26 јули, е прва од ваков вид во светот. Можеме и ќе го направиме тоа. Но, постои план Б, па дури и план Ц кои паралелно ги подготвуваме“, рече Макрон во изјава за француските медиуми.

Шефот на француската држава од поодамна уверуваше дека се разгледуваат резервни сценарија, но сега првпат почна детално да ги опишува.

„Ќе направиме анализа на ризикот во реално време. Значи, имаме церемонија што ја подготвуваме, која би била ограничена на Трокадеро или само на еден дел од реката Сена, па дури има и варијанта да се вратиме на класичното отворање кое би било на стадионот „Стад де Франс“е‘, објасни Макрон.

Олимписките игри во Париз ќе бидат отворени на 26 јули. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан