• петок, 05 декември 2025

Макрон од говорницата на ОН: Франција ја призна Државата Палестина

Макрон од говорницата на ОН: Франција ја призна Државата Палестина

Њујорк, 22 септември 2025 (МИА) - Францускиот претседател Емануел Макрон денеска на Генералното собрание на Обединетите нации објави дека Франција ја признава Државата Палестина.

Тој ја соопшти одлуката на отворањето на Конференцијата за мирно решавање на палестинското прашање и примената на концептот за две држави.

-Доаѓа моментот да го запреме насилството. Доаѓа моментот за мир, изјави Макрон. - Ангажманот кон мирот е единствениот пат кон спасение, додаде тој.

Францускиот претседател истакна дека ова признавање отвора пат за мирно решавање на конфликтот на Блискиот Исток. ссм/

фото:архива

Остани поврзан