• среда, 27 ноември 2024

Макрон: Нема да ја условуваме продажбата на оружје за Египет

Макрон: Нема да ја условуваме продажбата на оружје за Египет
Париз, 7 декември 2020 (МИА) - Францускиот претседател Емануел Макрон изјави денеска дека имал „искрен разговор“ со египетскиот колега Абдел ал-Сиси, додавајќи дека нема да ја условува продажбата на оружје за таа африканска земја. По средбата во Елисејската палата, двајцата лидери одржаа заедничка прес-конференција. Египетскиот претседател се наоѓа во дводневна посета на Франција, но и покрај надежите дека односите меѓу овие две земји ќе бидат поблиски, впечатокот е дека подобрувањето е ставено во втор план поради човековите права во Египет. Макрон истакна дека, иако е постигнат напредок во стабилизација на Либија, „постојат константни закани од надворешни фактори“. Тој додаде дека нема да ја условува продажбата на оружје за Египет поради човековите права, бидејќи не сака да ослабе позицијата на Каиро во борбата против тероризмот во регионот. гт/

Остани поврзан