• петок, 22 ноември 2024

Макрон: Да се ​​биде сојузник на САД не значи да се биде нивни вазал

Макрон: Да се ​​биде сојузник на САД не значи да се биде нивни вазал

Амстердам, 12 април 2023 (МИА) - Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека да се биде сојузник на САД не значи да се биде нивен вазал, потврдувајќи ги претходните свои изјави за Тајван.

„Да се ​​биде сојузник не значи да се биде вазал. Да се ​​биде сојузник не значи дека веќе немаме право да размислуваме со своја глава“, рече тој на прес-конференција во Амстердам. „Франција е за статус кво во Тајван, ја поддржува политиката на една Кина и бара мирно решение на ситуацијата“, додаде тој.

Макрон предизвика бран на недоразбирање во САД и Европа барајќи од Европската унија „да не ги копира“ Вашингтон и Пекинг за прашањето на Тајван. Изјавите веднаш беа протолкувани како дистанцирање од Вашингтон, кој од почетокот на руската офанзива и пружа сесрдна помош на Украина. - Макрон е наш пријател, а во исто време и се додворува на Кина, изјави поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

„Позицијата на Франција и на Европејците за Тајван е иста: ние сме за статус кво, изјави францускиот претседател во Амстердам. „Таквата политика е константа, не е променета“, додаде тој.

Во исто време, Макрон изрази жалење што Доналд Трамп придонесува за ескалацијата. „Додека беше претседател, јас не ги коментирав неговите изјави, па нема да го сторам тоа ни сега, кога тој повеќе не е претседател“, рече францускиот претседател. ссм/

фото: МИА архива

 

Остани поврзан