• вторник, 24 декември 2024

Макрон ги повика умерените политичари да се прегрупираат за да ја победат крајната десница

Макрон ги повика умерените политичари да се прегрупираат за да ја победат крајната десница

Париз, 12 јуни 2024 (МИА) - Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ги повика умерените партии од левицата и десницата да се прегрупираат со цел да ја поразат крајната десница на парламентарните избори.

Тој денеска и се обрати на нацијата за прв пат откако го распушти Парламентот и распиша предвремени парламентарни избори откако неговата партија претрпе тежок пораз на изборите за Европскиот парламент.

Посочи дека сака „мажите и жените со добра волја кои можеа да кажат „не“ на крајностите да се здружат за да можат да изградат заеднички проект“ за земјата.

Гласањето ќе се одвива во два круга на 30 јуни и 7 јули. рп/

Фото:ЕПА

Остани поврзан