• среда, 27 ноември 2024

Макрадули: Во 2020 нов повик за субвенции за поставување филтри за мали и средни претпријатија

Макрадули: Во 2020 нов повик за субвенции за поставување филтри за мали и средни претпријатија
Тетово, 22 јануари 2020 (МИА) - Ни една фирма од дрвната индустрија во Тетовско не добила субвенција за поставување филтри на минатогодишниот повик на Министерството за животна средина и просторно планирање. Заменик-министерот Јани Макрадули истакна дека тоа било поради неисполнетите услови, иако од фирмите се барало само да ги имаат платено сите давачки кон државата. -Аплицираа но не ги исполнуваа условите. Можеби Комората на северозападна Македонија требаше да има позначајна улога. Апелиравме, промовиравме, се продолжи рокот, но ништо таа работа да се искористи бидејќи има 30 компании кои користат отпад од свое производство за загревање, изјави Макрадули на новинарските прашања на вечерашната трибина на СДСМ „Агенда - Воздух 20-24“. Макрадули соопшти дека во 2020 година ќе има нов повик кој ќе биде не само за фирмите од дрвната индустрија, туку и за другите индустрии, за да може да аплицираат повеќе мали и средни компании. Во врска со мерката за субвенционирање на граѓаните за набавка на инвертер-системи, Макрадули рече дека треба да се состави комисија, но дека средствата се префрлени до општините кои на седници на советите треба да го прифатат тоа и да објават. ас/хс/

Остани поврзан