• среда, 28 август 2024

Македонско здружение на енолози склучи меморандум за соработка со Земјоделското училиште во Кавадарци

Македонско здружение на енолози склучи меморандум за соработка со Земјоделското училиште во Кавадарци
Кавадарци, 16 ноември 2022 (МИА) - Меморандум за меѓусебна соработка беше потпишан денеска помеѓу Средното општинско земјоделско - шумарско училиште „Ѓорче Петров“ застапувано од директорката Ратка Росомански и „Здружение Винари од Македонија“, претставувано од претседателот Игно Тасев. Двете страни, го потпишаа документот во просториите на воспитно - образовната установа со 66-годишна традиција.
- Досегашниот, взаемен однос за остварување на долгорочна научна, техничка, образовна и апликативна соработка, денес беше официјализиран и подигнат на повисоко ниво, со потпишување на меморандум. Во рамките на соработката, претставници од Здружението се поканети на претстојниот настан „Младо вино“ што ќе се одржи следната недела, како стручно жири при оценување на вината поризведени од наши ученици. Во иднина очекуваме уште поголема и поплодна соработка, рекоа од училиштето.
Оттаму додадоа дека соработката, меѓу другото, предвидува и едукативни содржини, што Здружението може да им ги понуди на средношколците. свд/сст/

Остани поврзан