Македонското трио „Аура“ ќе настапи на Интернационалниот музички фестивал во Врање
- Македонскиот камерен состав трио „Аура“ денеска ќе настапи на 21. Интернационален музички фестивал „Мај месец музике“. Фестивалот се одржува во Концертната сала на Музичкото училиште во Врањ

Скопје, 11 мај 2021 (МИА) – Македонскиот камерен состав трио „Аура“ денеска ќе настапи на 21. Интернационален музички фестивал „Мај месец музике“. Фестивалот се одржува во Концертната сала на Музичкото училиште во Врање, а свеченото отворање ќе биде во театарот „Бора Станковиќ“, со концерт на Новосадскиот камерен ансамбл.
Триото ќе се претстави со делата од Морлачи, Доницети, Пиацола и Коетсиер.
„Аура” го сочинуваат тројца македонски музички уметници, флејтистот Страшо Темков, пијанистката Ана Гацева и фаготистот Марјан Милошевски. Тројцата работат како професори на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Имаат реализирано многубројни рецитали како солисти и камерни музичари во Австрија, Азија, Англија, Африка, Бугарија, Германија, САД, Словенија, Србија и Франција.
Триото промовира дела од македонски композитори, напишани специјално за овој состав, а нивното заедничко камерно музицирање го карактеризира изразено чувство за експресивност, музичка симбиоза и компактност на звукот и изразот. ки/са/
