Македонското и украинското знаме се веат на зградата на МНР во чест на Денот на независноста на Украина
- Македонското и украинското знаме се веат на зградата на Министерството за надворешни работи во чест на Денот на независноста на Украина, објави на страницата на Фејсбук шефот на дипломатијата

Скопје, 24 август 2022 (МИА) - Македонското и украинското знаме се веат на зградата на Министерството за надворешни работи во чест на Денот на независноста на Украина, објави на страницата на Фејсбук шефот на дипломатијата Бујар Османи.
- Соодветно на одлуката за совесно енергетско однесување и заштеда на електрична енергија, наместо осветлување на фасадата, денес го поставивме украинското знаме на зградата на министерството.
Османи наведува дека ова е симболичен начин да укажеме солидарност и почит за храброста на украинскиот народ со која ја бранат слободата и споделените демократски вредности.
-Честит Ден на независноста!, додава Османи на Фејсбук. нд/сст/