• сабота, 23 ноември 2024

Македонско-романски форум и билатерални средби

Македонско-романски форум и билатерални средби
Скопје, 30 јуни 2021 (МИА) - Стопанската комора на Северна Македонија, во соработка со Амбасадата на Романија во земјва и Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, организираат Македонско-романски економски форум и билатерални средби. На Форумот, покрај работниот дел на кој е предвидено и потпишување на договор за соработка меѓу Стопанската комора на Северна Македонија и Трговско-индустриската комора на Романија, предвидени се и билатерални средби меѓу претставници на бизнис-заедниците од двете земји, како и презентација на условите за инвестирање во Република Северна Македонија, со акцент на секторите: градежништво, туризам, енергетика, информатичките технологии и управувањето со отпад. На настанот ќе се обратат Антони Пешев, извршен директор на Стопанската комора на Северна Македонија, како и Аурелиан Гогулеску, потпретседател на Трговско-индустриската комора на Романија. свс/сп/

Остани поврзан