• вторник, 24 декември 2024

Македонско-грчки проект за стимулирање на зелени вработувања во Пелагонискиот регион

Македонско-грчки проект за стимулирање на зелени вработувања во Пелагонискиот регион

Битола, 23 ноември 2023 (МИА) - Министерството за животна средина и просторно планирање секогаш поддржува иницијативи кои ќе ја поттикнат идејата за заштита на животната средина, посебно кај младите луѓе, истакна Христина Оџаклиеска, заменик министер во МЖСПП.

На завршната национална конференција од проектот Г.ЕМ.С., стимулирање на зелени вработувања, кој во Северна Македонија го имплементираат Бизнис академија Смилевски-БАС и Регионалната стопанска комора, Оџаклиеска нагласи дека со проектот се креира кадар кој ќе работи за надминување на еколошките проблеми во регионот.

- Организацијата на вакви настани е во полза на најмладите, бидејќи им овозможува да ја остварат својата креативност и идеи за заштита на животната средина. Проектите за промоција и стимулација на зелените работни места во перспектива ќе овозможат надминување на проблемите со животната средина со кои се соочуваме и затоа е потребно да се креира кадар кој ќе работи за надминување на овие проблеми, посочи Оџаклиеска.

Според координаторот на проектот е Тони Соклевски, менаџер за развој во Бизнис академија Смилевски-БАС, проектот е основа и патоказ на вклучување на транзицијата од кафеав пристап до енергија до зелената агенда што ЕУ ја воспостави до 2030 година.

- Овој пограничен регион треба да се подготви за транзицискиот период за што ние веќе изработивме генерална стратегија и 10 посебни стратегии за компании од регионот, но и други проектни содржини. Постигнатите резултати се поттик и извор за наредни предизвици, ќе извршат продлабочување на соработката меѓу македонско-грчките институции и огледално ќе се пресликува искуството од двете држави, истакна Соклевски.

На завршната национална конференција во Битола Никола Димковски, проектен координатор, претставник на Регионалната стопанска комора-Битола, потврди дека над 150 компании од Пелагонискиот регион аплицирале за инсталирање на обновливи извори на енергија, а за постигнатиот успех посебна улога имаа Комората која поттикнува развивање свест за користење на обновливите извори на енергија, додека градоначалникот на Општина Прилеп Борче Јовчески, истакна дека со создавање на нови т.н. зелени вработувања се овозможува младите генерации да остануваат во државата. мт/ир

 

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан