• вторник, 24 декември 2024

Македонски центар ИТИ/Продукција објави повик за избор на драмски текст

Македонски центар ИТИ/Продукција објави повик за избор на драмски текст

Скопје, 26 мај 2022 (МИА) - Екипата на Македонскиот центар ИТИ/продукција отвори повик насловен „Јас не сум мртов, болен и славен“, со кој сите драмски, театарски и книжевни уметници ќе можат по свој избор да испратат драмски текст кој е создаден (објавен, необјавен, инсцениран или неинсцениран) во периодот од 2010 до 2022 година.

Повикот е дел од промотивниот проектот „Драмски инверзии“, поддржан од Министерството за култура.

Драмските текстови треба да се напишани или преведени на македонски јазик и/или англиски јазик и лекторирани.

Од Ити/продукција соопштија дека драмските текстови ќе бидат издадени во промотивна, хоризонтална, репрезентативна  електронска антологија на  домашни современи текстови со цел домашна и меѓународна промоција, афирмација, видливост на драмските тематски, стилски сведоштва и пресеци, пристапи и структури, развој во создавањето на современи драмски текстови, во периодот од 2010 до 2022 година.  

Како што соопштија од ИТИ/продукција, мотивацијата за овој повик е актуелната состојба во современиот домашен театар, во кој се занемарени современите домашни драмски текстови.

-Неодамна сите ние, во рамките на нашите ентузијастички можности, почнавме да ги афирмираме драмите и авторите со помош на книжевните форми и пракси, но и понатаму инсценирањето на домашните современи драмски текстови е на многу ниско ниво; без истрајна и континуирана примена на долгорочна афирмативна и развојна стратегија, за потенцијалот и карактеристиките на домашното,  современо драмско писмо поставено на сцена во однос на историјата и сегашноста на светските драмски пракси и изразувања, посочуваат во соопштение.

Драмскиот текст со прилозите авторите треба да го испратат најдоцна до 30 јуни оваа година на меил адресата. бт/ац/

Остани поврзан