• понеделник, 23 декември 2024

Македонски музичари за пречекот на Нова година на плоштадот „Македонија“

Македонски музичари за пречекот на Нова година на плоштадот „Македонија“

Скопје, 30 декември 2023 (МИА) - Македонски музичари ќе настапат за пречекот на Нова година на градскиот плоштад „Македонија“. Публиката ќе ги слушне Тин Камп, Скопје Лејдис Оркестра, Пауза за ракија, Тринити Стрингс, Слаткар, Дарио, Мерак Меана со Сузана Гавазова, Влатко Миладиновски, Стојне Николова, Душко Георгиевски и Блага Петреска. 

- Новата Година треба да биде надеж за подобро утре за сите. Затоа, оваа година средствата наместо за огномет повторно се пренасочени кон хуманитарни цели. Со тоа продолжуваме со поддршка на сите хуманитарни, граѓански и невладини организации со надеж дека ќе успееме да направиме новата 2024 година да донесе нова надеж кај сите граѓани, соопшти Град Скопје.

Под мотото „Градот убав ве кани сите“, на 25 декември 2023 година на плоштадот „Македонија“ во Скопје почнаа предновогодишните  настани насловени „Празнична приказна“, во организација на Град Скопје и Комората на музичката индустрија. мд/свс/

Фото: МИА 

 

 

Остани поврзан