• сабота, 23 ноември 2024

Македонски и бугарски планинари реализираа високогорска акција за искачување на Голем Кораб

Македонски и бугарски планинари реализираа високогорска акција за искачување на Голем Кораб
Делчево, 6 јуни 2022 (МИА) - Македонски и Бугарски планинари кои се членови на Планинарски-спортски клуб ,,Голак" од Делчево, викендов реализираа високогорска акција за искачување на врвот Голем Кораб. Во искачувањето како што информираше претседателот на клубот Љупчо Чучуковски учествувале планинари од Делчево, Виница и Софија.
- Направивме високогорска акција за искачување на врв Голем Кораб на 2764 метри на планината Кораб. Маршот го започнавме од Караула ,,Победа" на 1453 метри, потоа се движевме во правец кон Бачило Беланџа, Нистровски Кораб и се до врвот Голем Кораб, информираше Чучуковски.
Должината на маршот изнесувала 18 километри во двата правци.
- Имавме идеални временски услови од +20 целзиусови степени, со сонце, без ветар, а на врвот се сретнавме со пријатели планинари од Албанија. Поради оправдани причини двајцаца наши членови мораа да се вратат назад, додека сите останати без проблеми го искачија врвот, додаде Чучуковски.
Од клубот најавија дека вакви високогорски акции ќе бидат реализирани повеќе пати во текот на годината. вс/сх/

Остани поврзан