• петок, 05 декември 2025

Македонските јуниори поразени од Романија во пет сета на одбојкарската Балканијада

Македонските јуниори поразени од Романија во пет сета на одбојкарската Балканијада


Бања Лука, 11 јули 2025 (МИА) – Во неизвесен натпревар во пет сетови со многу пресврти, машката репрезентација на Македонија до 19 години загуби синоќа со 2:3 (25:19, 25:27, 30:28, 20:25, 12:15) од Романија, во второто коло на Балканското првенство во Бања Лука.
И покрај поразот макеоднските јуниори се во игра за пласман во полуфиналето, а тоа ќе зависи од исходот на денешната пресметка против Турција.
Почетокот на овој дуел, кој е во рамки на завршното трето коло во групата А, е закажан за во 15:30 часот.
Во воведното коло, Македонија го совлада домаќинот Босна и Херцеговина со 3-1. ег
ФОТО: ОФМ

Остани поврзан