• среда, 27 ноември 2024

Македонските шахисти поразени од Шведска, дамите убедливи против Нов Зеланд

Македонските шахисти поразени од Шведска, дамите убедливи против Нов Зеланд

 

Будимпешта, 20 септември 2024 (МИА) – Половичен успех забележаа македонските селекции на 45 шаховска Олимпијада која до недела се одржува во Будимпешта.

Македонската машка селекција загуби со 1.5 – 2.5 од Шведска, додека дамите извојуваа максимална победа од 4-0 во дуелот со Нов Зеланд.

Шведска ја обезбеди победата над македонските шахисти на третата и четвртата табла на кои Емил Ристески и Антон Златков претрпеа порази. Евгени Романов забележа победа на првата, а Никола Николовски ремизираше на втората табла.

Убедливиот триумф на шахистките во дуелот со Нов Зеланд го донесоа Моника Стојковска, Ивана Манова, Моника Жежовска и Сања Трајковска.

Пред денешното 9 коло, македонските шахисти беа позиционирани на 31 место, а дамите на 65 место.

Пласманот и противниците на македонските селекции во следното коло ќе биде познат по комплетирање на сите дуели од денешната програма. ег

ФОТО: ШФМ

Остани поврзан