Македонските футсалци поуспешни од Црна Гора
- Македонската сениорска репрезентација во футсал забележа денеска победа од 2-0 на првиот од двата контролни натпревари против Црна Гора на гостински терен.

Никшиќ, 13 јуни 2024 (МИА) – Македонската сениорска репрезентација во футсал забележа денеска победа од 2-0 на првиот од двата контролни натпревари против Црна Гора на гостински терен.
Македонската репрезентација постигна по еден гол во двете полувремиња на дуелот одигран во Никшиќ Драган Петровиќ и Таулант Исмаил.
Димитар Јанев имаше добри шанси за гол во првото полувреме, како и Берат Рамадан и Иван Крстевски во вториот дел.
Вториот контролен натпревар против Црна Гора е закажан за утре од 17:00 часот. ег ФОТО: ФФМ