• недела, 09 март 2025

Македонските футсалци вечерва против Холандија во евроквалификациите

Македонските футсалци вечерва против Холандија во евроквалификациите


Скопје, 7 март 2025 (МИА) – Македонската репрезентација во футсал вечерва во Скопје ја пречекува Холандија во претпоследниот натпревар во квалификациите за пласман на Европското првенство.
Дуелот против Холандија за избраниците на селекторот Васил Скендеровски ќе биде можност да ја забележат првата победа во квалификациската група 7.
Македонија го очекува вечерашниот дуел во СЦ „Јане Сандански“ од 19 часот последнопласирана во групата со еден освоен бод од четири натпревари.
Евроквалификацискиот циклус Македонија ќе го заврши со гостување во Андора на 12 март. ег
ФОТО: ФФМ

Остани поврзан