• сабота, 23 ноември 2024

Македонските фудбалерки против Бугарија и Косово во Лигата на нации

Македонските фудбалерки против Бугарија и Косово во Лигата на нации

Скопје, 2 мај 2023 (МИА) – Македонската женска фудбалска репрезентација на извлекување во УЕФА ги дозна противниците во групата за премиерното издание од Лига на Нации во женска конкуренција.

 

Нашите најдобри фудбалерки на ждребот во Нион добија „соседска“ група, односно за првото место во групата ќе се соочиме со селекциите на Бугарија и Косово.

 

Репрезентацијата предводена од селекторот, Кирил Изов е во Ц сегментот во Лига на Нации.

 

Победникот во групата автоматски обезбедува промоција во Б - дивизијата, додека трите најдобри второпласирани селекции ги очекуваат бараж дуели со трите најдобри третопласирани селекции од групите од Б - лигата. зс/

Остани поврзан