• сабота, 23 ноември 2024

Македонските фудбалерки поразени од Франција

Македонските фудбалерки поразени од Франција
Скопје, 23 септември 2020 (МИА) - Македонската женска фудбалска репрезентација синоќа загуби со 7:0 од француската селекција во натпревар од квалификациите за Европското првенство. За избраничките на селекторот Кирил Изов ова беше петти пораз во групата во која имаме победа против Казахстан.  По шест одиграни средби. Французинките доминираа во текот на 90. минути на Националната арена. Го отворија резултатот во 15. минута кога Ле Сомер првпат ја погоди мрежата на Панчурова. Три минути подоцна Ле Сомер беше прецизна од пенал за 2:0, а во 21. минута Катато реализираше за убедливи 3:0. По пет минути игра во второто полувреме, Де Алмеида зголеми на 4:0, а со удар од далечина Торент го постигна петтиот гол за Франција. Асеји со гол од белата точка го даде шестиот погодок во нашата мрежа. Конечниот резултат беше постигнат во судиското надополнување, Де Алмеида беше прецизна за 0:7. „Црвено-жолтите“ до крајот од квалификациите ќе го одиграат уште два натпревара, против Франција на гости и со Казахстан. зс/

Остани поврзан