• петок, 20 декември 2024

Македонските фудбалерки поразени од Луксембург

Македонските фудбалерки поразени од Луксембург
Скопје, 12 април 2022 (МИА) – Македонската женска фудбалска репрезентација доживеа пораз со 2:1 на денешното гостувањето во Луксембург во рамките на квалификациите за Светското првенство 2023. Селекцијата предводена од селекторот Кирил Изов дојде до водство уште во првата минута со голот на Гентјана Рочи, но до крајот на првото полувреме Луксембург направи пресврт со двата гола на Томсон. Во продолжението Македонките пропуштија неколку шанси за израмнување,. „Црвено-жолтите“ го запишаа седмиот пораз во групата и се претпоследни на табелата со три бода. Луксембург е четврти со девет бода. До крајот на квалификациите Македонија ќе одигра уште два меча, со Летонија на домашен терен и на гости против Австрија. зс/

Остани поврзан