• понеделник, 22 јули 2024

Македонските фудбалери квалификациите за ЕУРО 2024 ги отвораат против Малта

Македонските фудбалери квалификациите за ЕУРО 2024 ги отвораат против Малта
Скопје, 10 октомври 2022 (МИА) – Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) денес  го потврди распоредот на натпревари од квалификациската група-Ц за пласман на Европското првенство 2024 во Германија. Македонската репрезентација првиот натпревар ќе го одигра на 23 март 2023 година на домашен терен против Малта. Во второто коло во Скопје ќе гостува Украина на 16 јуни, три дена подоцна (19 јуни) „црвено-жолтите ќе и гостуваат на Англија. Во септемврискиот прозорец Македонците на 9-ти ќе ја пречекаат Италија, а на 12 септември ќе гостуваат на Малта. На 14 октомври „рисовите“ ќе и гостуваат на Украина, на 17 ноември на Италија, а на 20 ноември ќе ја пречекаат Англија. зс/

Остани поврзан