• недела, 22 декември 2024

Македонските фудбалери до 21 ја победија Финска на пенали на „Анталија Куп 2023"

Македонските фудбалери до 21 ја победија Финска на пенали на „Анталија Куп 2023

Анталија, 25 март 2023 (МИА) – Македонската фудбалска репрезентација до 21 година ја победи Финска по подоброто изведување на пенали, на Меѓународниот контролен турнир „Анталија Куп 2023".

Во основните 90 минути немаше победник, резултатот беше 1:1.

Берат Калкан од пенал го постигна голот за македонската репрезентација, Финска изедначи преку Скита.

По пенал серијата, избраниците на селекторот Драги Канатларовски успеаја да обезбедат триумф.Сигурни од белата точка беа Малески, Крстевски, Николов, Фета и Фетаи. Голманот беше Марко Алчевски успеа да им одбрани два пенала на фудбалерите на Финска. зс/

 

Остани поврзан