• петок, 26 јули 2024

Македонските тенисерки изборија финале во Третата Европска зона во Били Џин Кинг купот

Македонските тенисерки изборија финале во Третата Европска зона во Били Џин Кинг купот

Скопје, 23 јуни 2023 (МИА) – Македонската женска тениска репрезентација обезбеди пласман во финалето во Третата Европска зона од Били Џин Кинг купот, откако попладнево во Скопје во завршното петто коло ја совлада Молдавија со 3-0 и со максимален ефект од пет победи заврши првопласирана во групата Б.

Почетна предност за македонската репрезентација обезбеди Магдалена Стоилковска, која со 2-0 во сетови (7-6, 7-5) ја совлада Даниела Чобану за два часа и четири минути игра.

Триумфот над Молдавките и пласманот во утрешното финале го донесе Лина Ѓорческа со победата над Екатерина Висневскаја со 2-0 во сетови (7-5, 6-3) за што и беа потребни еден и пол час игра.

Во завршниот натпревар во двојки, македонскиот дубл Ива Данева и Александра Симева беа поуспешни со 6-3,7-5 од Лиа Белибова и Арина Гамреткаја ег/вј/ 

 

ФОТО: МТФ

 

Остани поврзан